
Околу 80 крвни единици собрани на денешната крводарителска акција кој се спороведе во просториите на Полициската станица Кочани. Полицијата даруваше крв со што се стави крај на планираните крводарителски акции за тековната 2023 година.
„Денес во просториите на полициската станица Кочани се одржува третата воедно и последна крводарителска акција за оваа 2023 година. Сакам да кажам дека можеме да бидеме задоволни од бројот на собрани крвни единици односно дека очекуваме оваа бројка да биде над 80. Јас на сите колеги кои активно учествуваа во сите крводарителски акции им се заблагодарувам, а воедно и поттик за новите колеги да бидат хумани и да даруваат крв“ – вели Стојанова.
Акцијата е организирана од страна на ОВР Кочани во соработка со Црвен крст Кочани, а изведена од страна на екипа од Институтот за трансфузиона медиција Скопје. Стојанова во оваа прилика ги охрабри младите колеги догодина да се приклучат помасовно во ваквите акции.
Првата од планираните три крводарителски акции во кочаснката полициска станица беше организирана во месец март кога се собраа околу 30 крвни единици, а втората во месец јули.
Лаура Стојанова М-Нет