
Околу 2000 кубни метри огревно дрво се побарани оваа година од штипските пензионерите, што е повеќе од лани. Благајникот на здружението на панзиноери Штип Трајче Зејтеников истакна дека пензионерите имаат можност да го отплатуваат огревот на осум рати, со просечна месечна сума од околу 3000 денари. Повеќето бараат околу 5 кубика, а оваа поддршка е особено важна за оние што живеат сами и со мали пензии.
,,Ние обезбедуваме дрва за пензионерите со можност за плаќање осум месеци, за да може по лесно да поднесат, бидејќи најчесто се со мали пензии, а повеќето и сами. Кога се двајца е сосема друго, а за другите вака им е најдобро. Оваа година имаме околу 2000 кубика побарување за дрва, малку повеќе од ланската година. До лани и полани побргу се носеа дрвата, но оваа година падна малку повеќе дожд и теренот по планините не е расчистен. Од изминатите години ние до месец мај, веќе ги доставуваме, а сега уште месец, до два ќе се носат сигурно. Обично плаќаат по 3000 денари месечно, зависи од просекот, а тој е некаде околу 5 кубика дрва.“, рече Зејтеников
Во моментот цената на дабот е 4.300 денари, додека на буката 4.100 рече Зејтеников. Додава дека минатата година дрвата биле поскапи дури за 300 денари.
Инаку, во последните години се намалени и поплаќите од пензионерите за недостаток на дрва во откупот, како и за нивната големина. Зејтеников останува дециден дека сите пензионери до крајот на летото ќе ги добијат бараните дрва.
Иван Митев, М-Нет