
ОК на ВМРО ДПМНЕ од Штип,на денешниот прес излезе со обвиненија до власта за ненаправениот монтажен Ковид – центар. И покрај барањето од претходниот градоначалник на Општина Штип за изнаоѓање флексибилна структура од монтажен карактер, болните од Ковид – 19 прво се испраќаа во Кочани, за подоцна своето место да го најдат на Кожното одделение. Уште на 29 јули, Советот на Општина Штип донесе одлука за формирање на ваков центар, но одлуката остана залудна бидејќи власта нема абер од монтажна болница. И наместо да се фокусираат на доградба на долги години неизградената нова Клиничка болница, тие ветуваа монтажна..
Апелациите и понатаму не престануваат. Граѓаните со барање до надлежните за тест повеќе, место повеќе, кислород повеќе…
Лаура Стојанова М-Нет