ОК ВМРО – ДПМНЕ Штип – „Власта ги излажа културните работници“

Состојбата со вработените во институциите од областа на културата беше тема на денес одржаната прес конференција од страна на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Осврт беше даден на фактот што културните работници втор месец се без плата, платени придонеси, но и без здравствено осигурување.

Поради неажурноста на власта, мораат да го плаќаат од сопствениот џеб, или со позајмени пари. Во овие семејства, каде сите се осигурани на име на член од семејството, вработен во културна установа, лековите и здравствените услуги веќе втор месец ги плаќаат приватно.

Овие луѓе беа излажани пред избори дека со потпишување на колективниот договор во културата, ќе се зголемат платите во овој сектор. Но, сега е веќе јасно дека ова бил манипулантски маркетинг трик на власта, која во предизборието не бираше лага за да обезбеди што повеќе гласачи – истакна портпаролот на ОК ВМРО – ДПМНЕ Штип, Игор Ефремов.

Неодговорноста и дилетантизмот се однос кој власта го има не само кон културата, туку и кон сите граѓани, потенцираше Ефтимов.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк

Снимател ИГОР ЗИВРЕВ

Монтажа ИГОР ЗИВРЕВ