Одржана втора иселечника средба во село Видовиште

Во село Видовиште и годинава се одржа Иселеничката средба на која настапи познатиот изведувач на македонски народни песни Влатко Миладиновски. Жителот Гоце Димитров на село Видовиште и градоначлникот Борчо Коцев се децидни дека ваквите настани во иднина треба да станат се почеста појава каде ќе се негува македонската народна музика и култура а тоа ќе придонесе луѓето кои доаѓаат од околните места и иселениците да се чувствуваат убаво и пријатно

“Годинава го поканивме исто така еден од најдобрите пеачи на македонската народна музика господинот Влатко Миладиновски, се надевам дека се ќе помине во најдобар ред мислам дека од година во година ќе се обидеме да прерасне во традиција и да успееме да го направиме што повесело и поубаво за да се чувствуваат луѓето како нашите сожиотели така и луѓето кои доаѓаат од околните места да се увствуваат пријатно.“ посочи Димитров

„Лани за прв пат до одржавме овој настан оваа година гледам дека бројот на посетители како од Македонија така и од странство е поголем. Ќе настапи македонскиот амбасадор на македонската песна господинот Влатко Миладиновски негувајќи го македонскиот фолклор на еден начин ние ја негуваме и македонската култура и традиција“ вели Коцев

За Миладиновски ваквите настани претставуваат вистинско уживање каде се спојуваат музиката и традицијата, овој период тој работи интензивно бидејќи има повеќе настани вклучувајќи и приватни веселби.

„Па јас уживам на вакви настани овде има искрена веселба, искрена атмосфера, искрени емоции и секогаш сум расположен да присуствувам на вакви манифестации. Кога пристигнав се видов со многу луѓе со кои што се гледаме и дружиме и соработуваме низ цела Европа па и подалеку убаво е на летото кога Македонија е преполна со македонци овде. Па имаме поприлично скоро секој ден сме на некој настан имаме доста и приватни веселби овој период, така да интензивно и секојдневно се дружиме со македонската музика и со нашите македонци.“ посочи Миладиновски

Ваквиот настан за прв пат се одржа ладнска година каде настапувал познатиот македонски пеач Јордан Митев

Лаура Стојанова, М-Нет