
Со над 160 учесници од Македонија и странство и огромна посетеност се одржа турнирот Трофеј штипски асови во Штип. На турнирот присуствуваа над 20 клубови од Македонија, Бугарија и Косово. На настанот БК Балканец додели постхумни плакети на борачи кои дале голем придонес во борењето
„Овој турнир има големо значење за БК Балканец Штип. Можеби за првпат има толку голема масовност, има над 160 учесници, пет клубови има од Бугарија, четири од Косово и сите останати клубови се од Македонија.“ – вели Богданов.
За носител на трофејот беше прогласен Јован Атанасов, најдобар домашен борач беше прогласен Зоран Шоров, а Јован Стефанов се здоби со титулата најдобар техничар. За најдобра борачка на турнитор беше прогласена Бојана Ковачова.
Лаура Стојанова М-Нет