
Одземени 13 возила, приведени 32 лица, издадени 1322 платни налози за само два дена во државата. МВР соопштува дека во овие заклучно два дена, регистрирани се дури 400 прекршоци само за брзо возење, возење под дејство на алкохол, возење без возачка дозвол и возење со изречена забрана. Евидентирани се и 302 прекршоци за неправилно паркирање, како и 16 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 106 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 67 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, осум возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а две заради техничка неисправност. Санкционирани се и пет возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Како што потенцираат од страна на министерството, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Иван Митев, М-Нет