
Македонскиот одбојкарски шампион Струмица ги започна подготовките за новата сезона, откако претходно завршија репрезентативните обврски. Одбојарките го заменија репрезентативниот дрес со клупскиот дрес.
Стратегот Кирил Ричлиев ја имаше првата прозивка со што беше означен старт на подготовките за новата сезона. Струмичани ги очекува првиот натпревар од Лигата на шампионите на домашен терен против грчки Олимпијакос, а за нив впретстои многу возбудлив период, многу новисти, старо-нови имиња, како и планови за кои клубот ќе информира во следниот период.
Првиот меч Струмица го игра на домашен терен на 17. септември од 19 часот, реваншот е на 24. септември во Грција. Домашното првенство ќе започне на почетокот од месец октомври, а во новата сезона Струмица ќе ја брани шампионската титула.
Александар Ванев, М-Нет