
Одбојкарските суперлигаши ги одиграа натпреварите од редовното 7 коло во кое тимот на Штип УГД со песна се врати од Струмица. Штипските одбојкари остварија максимална победа против домакинот Македонија Џио изразена со резултат 3:0 или по сетови 14:25 ; 15:25 ; 11:25. Еве ги комплетните резултати од ова 7 коло:
- Весна Пробиштип – Струмица 0:3
- Борец – Универзитет Тетово 3:2
- Македонија Џио – Штип УГД 0:3
- Дибра Волеј – Лирија 0:3
- Јанта Волеј – Вардар 0:3
Слободна беше екипата на Шкендија. Во следното 8 коло тимот на Штип Угд во сабота во Штип ќе се сретне со екипата на Дибра Волеј од Дебар и би требало да има лесна задача.
Женската екипа на Младост УГД во натпревар од Втората лига – 5 коло во Штип загуби од екипата на Македонија Макс од Струмица со резултат 3:0.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk