Одбојкарите на Штип УГД вечерва во „Џексон“ против Работнички

Одбојкарите на Штип УГД вечерва од 19 часот го играат мечот од 4. коло на Првата одбојкарска лига против тимот на Работнички од Скопје.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Џексон“ во Штип, а одбојкарите очекуваат поддршка од верната публика и од сите љубители на одбојката во градот под Исарот за уште една победа во домашниот шампионат.

Тимот кој го предводи стратегот Кристијан Ристески досега забележаа три победи во низа, откако го доби Универзитет во Тетово и ГОК Борец со максимални 3:0 во третото коло славеше во „Парк“ над поранешниот шампион Струмица со 1:3 и тоа беше првиот загубен сет на штипјани за оваа сезона.

Вечерашниот противник на штипјани, Работнички имаше пораз во првото коло од Струмица во гости со 3:0 во сетови, а потоа го доби Универзитет во Тетово со 1:3, па следуваше уште еден триумф над Сушево со 1:3.

Штип УГД ја брани двојната круна односно шампионската и Куп титулата, а пред почетокот на сезоната беше освоен и Суперкупот.

Александар Ванев, М-Нет