
Машката одбојкарска екипа на Штип УГД беше супериорна во настапот со скопски Вардар и забележа максимална победа. Во овој меч од првенството на Супер лигата на Македонија средбата Штип УГД – Вардар заврши со резултат 3:0 или по сетови 25:13 ; 25:21 ; 25:21 . Во натпревар од женската „Б “ лига на Македонија одбојкарките на Младост УГД во Штип загубија од Вардар ЕМ со резултат 1:3 или по сетови 17:25 ; 20:25 , 25:16 ; 18:25.
Започна и првенството во Младинската лига, во Скопје девојките на Младост УГД ја победија екипата на Виктори Волеј со резултат 2:0 а загубија од Струмица со резултат 2:0.
Во Штип младинците на Штип УГД ја победија екипата на Борец со резултат 2:1 а со резултат 2:0 ја победија екипата на Универзитет Тетово.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk