Одбележан патрониот празник на ОУ “Никола Парапунов“ Виница

Патронатот на ОУ “Никола Парапунов“ беше одбележан во вонредни услови, со полагање цвеќе пред спомен бистата на патронот на училиштето.
Наставничката Кристина Харалампиева организираше онлајн патронат со програма која преку социјалните мрежи ја презентираа ученици од училиштето.


Според најавите од менаџерската служба во училиштето, наскоро се очекува оддржување на училишен Совет и утврдување на крајниот успех на учениците, како и упис на првачиња. Во најава се 17 првачиња за претстојната учебна година, десет во Трсино, седум во Пеклани и Драгобраште, а од училиштето ќе излезат 15 полуматуранти, нешто подобри бројки во однос на претходната година.


Училиштето “Никола Парапунов“ во с.Драгобраште постои од 1948 година, тогаш како ОУ “Кирил и Методиј“, 1966 г. е именувано како “Иво Лола Рибар“, а името “Никола Парапунов“ го носи од 1993 година па до денеска.

Благојчо Костадинов/М НЕТ