Од утре започнува Богородичен пост, ќе трае две седмици, риба само на Преображение Христово

Од утре започнува Богородичен пост, кој ќе трае две седмици. Според типикот на македонската православна црква – охридска архиепископија во овие заклучно 14 дена, речиси половина од нив се пропратени со сторог пости, односно во овие денови не се употребува ниту масло, а во половина се употреба масло. Риба е дозволено само на празникот Преображение Христово, кој секогаш се пага на 19 август. Пост со масло и вино е дозволено на 16 и 17 август, кога се празнуваат Св преподобен Исакиј и Св. Седум Ефески отроци. Исто така масло и вино е дозволено и на 21,,23 и 24 август, кога се празнуваат Св. Спасо Радовишки, Св. Лаврентиј и Св. Нифонт. Во овие закчуно 14 дена, пред се свештенослужителите на брегалничката епархија препорачуваат верниците да бидат наклонети кон молтива, да се молат за здравје и спасение пред се за душите на своите блиски, па потоа и за нив. Во текот на овие денови, тие препорачуваат воздржување од страстите и целото тоа да се замени со добри дела, помагање на сиромашните, давање љубов на ближните. Иако постот, звучи како мала диета, сепак многу важен акцент се става на молитвата, која е спасот за душата и телото. Со благослов на митрополитот брегалнички господин Иларион, од утре зпаочнуваат постити, посветени на маката Божја Богородица, застапницата на целиот свет. Радост на нажалените, утеха и засолниште на немоќни, прибежитеше на видовиците на сиромашните, сенадежна утеха на навредените, силна на беспошните и брзопослушница на сите страдални.

Иван Митев, М-Нет