Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта, информира УХМР.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и појава на град.
Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Извор: УХМР
Во Скопје, од утре кон крајот на денот и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Текстот Од утре дожд, грмежи и силен ветер во делови од земјата е превземен од МАКФАКС.