Од партијата Интегра со ветување за модернизација и современост на градот под Исарот.

Претставени новите проекти за урбанизирање и разубавување на град Штип, денеска беа преставени од кандидатот за градоначалник на Општина Штип, Симон Поликап од Интегра. Со идеи за нов затворен пазар, спортска сала, базен со кафич, катна гаража, покажува дека Штип ќе го претвори во модерно место за живеење.

Партијата на Интегра гледа кон иднината. Со денешното презентирање на своите цели во предизборната кампања, излезе со ветување дека граѓаните на Општина Штип ќе можат да живеат во поуреден и понапреден центар во државата.