Од напролет и новоселци ќе дишат чист воздух, колекторската цевка ќе се промени

Локалната Власт во Општина Штип се промени, но проблемите за граѓаните во Ново село останаа исти. Имено, проблемот со колекторската цевка и неподоносливата смрдеа кој се провлекува со години наназад се уште не е решен. Граѓаните велат потребно е под итно алтернативно решение, додавајќи дека веруваат дека со новата влас ќе биде пронајдено истото.

„Треба под итно да се направи тоа, веќе со години стои вака. Имаме реагирано, глуви се луѓето“

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посочи дека проблемот ќе се реши за неколку месеци и дека смрдеа веќе нема да се шири.

„Веднаш по преземањето на функцијата се решивме и денес дојдовме да направиме увид на моменталната состојба на проблемот кој што се провлекува и секако да најавиме решавање на овој проблем во наредните неколку месеци, односно во наредна фаза. Тоа кое што го предвидуваме како нова Локална власт е комплетно ново финансирање и набавка на соодветни цевки кои ќе ги предвидеме во планот на јавното претпријатие, но и во Буџетот на Општина Штип во 2022година“ – кажа Јорданов.

„Стручните лица во ЈП „Исар“ Штип заедно со надворешни компетентни лица имаме изработено основен проект кој е веќе ревидиран. Во тој проект се предвидени поставување на канализациони цевки со профил фи 1000“ – додаде Георгиев.

Ново финасирање е предвидено бидејќи цевките кои се наоѓаат кај мостото во Ново село се за импровизација и гол популизам од страна на претходната власт истакна Јорднанов. Тој додаде дека со предвидување средства во Буџетот на Општина Штип за 2022 година овој проблем на новоселцви ќе биде трајно решен.

Новата инвестициона вредност на преоктот за промена на колекторската цевка во Ново село е во вредност од 4 милиони денари, а истата треба да биде променета напролет.

Лаура Стојанова М-Нет