
Со почетокот на летното сметање на времето започнува и промената во наплата на паркинг услугата во Штип. Од денеска паркинг услугата ќе се наплаќа во периодот до 7 до 21 часот информираат од ЈП Стипион.
„Ве известуваме дека од денес 27-03-2023 година со започнување на летното сметање на времето,наплатата за користење на јавниот простор за паркирање во Општина Штип ќе се врши од 07:00 до 21:00 часот од понеделник до петок .
За сабота, периодот во кој се наплатува за користењето на јавниот простор за паркирање останува ист од 07:00 до 15:00 часот.“ – соопштија од ЈП.
Во Општина Штип паркинг услугата може да се наплати на три начини, преку билети, со смс порака и со билети за месечно или годишно плаќање. Проблемот со паркинг улугата пак и недоволните паркинг места ќе се решава со изградба на катни гаражи.
Лаура Стојанова М-Нет