Мерење притисок и шеќер во крвта во Штип по повод патрониот празник на УГД

Мерење притисок и шеќер во крвта на три локации во Штип денеска беа организирани по повод одбележување на патрониот празник на УГД Штип. На плоштадот Слобода, студенти од факултетот за медицински науки делеа и бесплатни но корисни совети за случајни минувачи на кои им се мереше шеќер во крвта и притисок.

„Организирани се три штанда, едниот овде на плоштадот и целта е да се измери притисок и шеќер во крвта на случајни минувачи и да се дадат општин совети. Интерес имаше стварно денеска доста“ – вели Стојановска.

За граѓаните ваквите активности се повеќе од потребни, бидејќи како што велат имаат можност да го проверат своето здравје.

Дека акциите даваат резултат вели и Стојановска, бидејќи поголем дел од случајните минувачи потенцирале дека доколку денеска немало ваква акција немало самоиницијативно да отидат на лекар и да направат контрола.

„Можам да кажам дека од она што го видовме денеска повеќето граѓани се грижат за своето здравје, но имаше неколклу од нив коишто приметувале некои промени во нивното здравје, но долго време не се советувале со лекар и повеќето од нив кажаа дека доколку денеска не измериле притисок овде не би отишле на лекар“ – додава Стојановска.

Штандови за мерење крвен притисок и шеќер во крвата имаше на плоштадот Слобода во Штип, кај новиот Штип сити мол и кај Економскиот факултет.

Лаура Стојанова М-Нет