Од денеска до Велигден ќе се служат богослужби во Штип, почна страдалната недела

Од денеска до Велигден во Штип ќе се служат вечерни и утрени богослужби во слава и чест на спасителот на светот Исус Хрисотс. Истите ќе започнат по одреден термин, кој ќе биде објавен на социјалните мрежи. Како што кажа протојерејот Добрица Јанев, овие богослужби се многу жалносни, бидејќи верниците жалат за почетоците и страдањето на спасителот Христа.

,,Велики Понедленик до велика сабота вечерта. Секој ден ќе има богослужби како утрени, така вечерни. Редоследот ќе биде објавен и на социјалните мрежи во колку асот ќе почнат и тие служби се веќе многу жалносни, бидејќи сите ние жалиме за почетоците и страдањето на Господ и спасител Исус Христос.“, кажа Јанев

Велигден и оваа година ќе се одбележи како годинините наназад, вели Јанев, ќе има воскресна богослужба на која ќе чиноначалствува митрополитетот брегалнички г. Иларион

,,Како и секоја година со воскресна богослужба на која ќе чиноначалствува митрополититот брегалнички г. Иларион. Сите оние кои што имаат благослов од својот духовен отец и кој ги постат постите, со благослов на духовниот отец можат да се причестат повеќе пати и не само за време на постите, туку и во текот на деновите кога се блажи. Од година во година точно е дека расте бројот на верници, се повеќе довагаат во црквата.Луѓето почнуваат да ја согледуваат смислата на животот, а мислата е соединување со Христа и наследување на царството небесно.“, вели Јанев

Инаку, истовремено велигденскиот пост ќе трае до недела, кога верниците ќе се причестат. Оваа година постот беше речиси повеќе строг на вода, а во деновите од викендот се јадеше масло. Риба годинава се јадеше само вчера на ден Цветници.

Иван Митев, М-Нет