Од глина до бардаче како тече процесот на создаваше грнчарски производ

Според стари обичаи и традицци Задушница пред празникот Духовден, како и другите задушници се посетуваат вечните почивалишта на најмилите. Се купуваат земјени садови како и бардачиња. По тој повод екипата на М-Нет телевизија го посети Митко Арсовски, човек кој се занимава со изработка на бардачиња и глинени производи. Во својата работилница тој ни покажа како се подготвува и како ги израбитува бардачињата.

„Самиот занает е доста интересен, но треба време и умешност да се научи занаетот. За да се направи бардаче треба глина која треба убаво да биде измесена и изедначена и се прави на грнчарско колце. Тоа се втри со нога, а со рацете се моделира„ – кажа Арсовски.

Отакако ќе се направи грнчарски производ, конкретно бардаче се остава да се суши а потоа производот се пече. Но како што истакна Арсов се помалку луѓе се занимаваат с овој занает односно истиот е во процес на изумирање.

Арсов занаетот го научил од својот татко. Три поколенија го работеле истото, но за жал него нема кој да го наследи. Овој занает го работи 40 години со најава дека ќе продолжи и поантаму.

Лаура Стојанова М-Нет