
Денес со натпреварите од 14. коло започна пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Север.
Дербито на колото се играче во Горно Лисиче каде се соочија некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ и Шкендија од Арачиново, директен судир на двата конкуренти за првото место кое води во баражот за влез во Втората лига.
Во меч кој можевте да го следите во директен пренос на спортскиот канал М Нет Спорт, гостинот од Арачиново прв дојде до водство откако во 11. минута Елмир Алији погоди за 0:1 со што беше отворен резултатот.
Некогашниот прволигаш најпрво преку новото засилување Филип Петковски во 31. минута дојде до израмнување на резултатот на 1:1, а веќе во 40. минута, исто така, новото засилување од прволигаш Воска Спорт, Стојан Стојчевски погоди за 2:1 и комплетен пресврт на резултатот.
Во вториот дел Шкендија се обидуваше да дојде до израмнување и да се врати во егал борба за трите бодови, но Еуромилк не дозволи изненадување и трите бодови останаа дома.
Александар Ванев, М-Нет