
Штип треба да биде горд, младиот и успешен каратист Љупче Михајлов освои бронзен медал на Младинската светска лига во Пореч, откако се искачи на пиедесталот во конкуренција од најдобрите млади каратисти во светот!
Штипјанецот имаше пет импресивни победи над силни ривали од Холандија, Чешка, Австрија, Полска и Словачка, а Михајлов на овие борби ги покажа своите квалитети.
Во полуфиналната борба, Љупче се соочи со актуелниот светски и европски младински шампион, Питсул од Украина. Во исклучително изедначен и динамичен дуел, Михајлов водеше двапати, но сепак беше поразен со минимални 5:3, што ја потврди високата класа и конкурентност на македонскиот каратист.
„Ова е огромен резултат и уште еден доказ дека сме на вистинскиот пат. Нашата цел останува јасна – медал од Европско и Светско Првенство. Презадоволни сме од настапот на Љупче,“ истакнаа тренерите Жарко и Сашко Арсови, кои стојат зад успехот како водечки имиња на карате клубот Штип.
Исто така, одличен настап во Пореч, Хрватска имаше и штипјанката Мила Панчева, која забележа победа над каратистка од Молдавија, а во следната борба беше елиминирана од натпреварувачка од Италија по судиско гласање при резултат 0:0 – уште еден показател за високото ниво на конкуренција.
Штип и Македонија треба да се гордеа со овие млади каратисти кои нижат големи успеси и на Светско ниво, а успесите се потврда дека има квалитет македонското младинско карате.
Александар Ванев, М-Нет