
Футсал клубот Овче Поле од Свети Николе минатата сезона испадна од Првата футсал лига, но најавува брзо враќање во елитата. Тимот од Свети Николе е во врвот на втората лига и имаше успешна есен, што пак ќе води кон неизвесната пролет бидејќи неколку екипи ќе ја водат таа борба за првите две места кои обезбедуваат влез во Прва лига.
„Резултатот кој сега сме моментално на табелата можам да кажам дека сме задоволни, меѓутоа сепак секогаш може подобро и мора. Јас по природа сум таков човек кој што секогаш одам до крај, така да и моите играчи и сите луѓе што се околу мене го знаат тоа и секогаш цели кон целта, дали прво или еве сега моментално второ место. Се надевам ќе бидеме меѓу првите две за пласман во Прва лига“, вели Петровски.
Неколку екипи ќе бидат конкуренти на Овче Поле за остварување на таа цел, тоа е есенскиот шампион Мал Ајакс, Балкан, екипата на Кораби од Дебар.
„Може да се издвојат неколку екипи тука се лидерот на табелата Мал Ајакс, ние, мислам дека Балкан е добра екипа со најави за неколку засилувања мислам дека ќе биде уште подобар, екипата на Кораби е добар, мислам дека ќе биде интересно во втората полусезона, очекувам да биде напнато и неизвесно“, додава Петровски.
Екипите најавуваат засилувања, а секако и Овче Поле размислува на темата засилување за пролетниот дел.
„Овче Поле моментално размислува за некои варијанти на засилувања повратници на нашите играчи кои беа во некои клубови, разговарав со спортскиот директор Даниел треба пак да се состанеме со тренерот да видеме во неговите замисли се совпаѓаат тие играчи. Ни се враќа повредениот Стефан Трендафилов од Куманово, исто така многу добар играч, се надевам дека ќе ја комплетираме екипата која што мислам дека ќе биде спремна за овој пролетен дел. Тука се врати Антонио Трајковски, голманот исто од Куманово, кој веќе на последните два натпревари бранеше и ни донесе стабилност, Дамјан и Давид Бојковски кои ни помогнаа исто во ова сезона да дојдеме до ова второ место, ни се враќа и еден од најдобрите играчи во мојата екипа кој од мали нозе е тука негова 16-та, а од почетокот на 2010 година, Ѓорги Султанов се врати во последното коло и капитенот Никола Стојковиќ, така да мислам дека екипата ќе се комплетира здрави и живи почнуваме после празниците со припреми“, дополнува претседателот на КФМ Овче Поле.
Во пролетниот дел на Втората футсал лига ќе биде неизвесно, бидејќи неколку екипи ќе се борат за првите две места кои овозможуваат промоција на директен начин во Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет