
Нов пораз за ракометарите на Текстилец УГД кои на домашен терен загубија од Овче Поле со 24:27 во меч од 7. коло на Првата лига со што Текстилец УГД кој сезоната ја започна со четири победи во низа, сега има три порази во низа и влегува во резултатска криза.
Гостинот од Свети Николе одлично влезе во мечот и создаде голема предност со што на полувреме имаше 9:15 предност. Во вториот дел домашниот тим успеа да се врати во игра откако стигна до минус еден односно 17:18, а потоа гостинот односно создаде предност од два до три гола и на крај славеше со 24:27.
За штипјани прво име беше Дарио Јорданов со седум гола, за гостинот од Свети Николе се истакна Кирил Буровски со осум гола и Филип Петровски со седум гола.
Скопската пресметка меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, двете екипи ги поделија бодовите откако одиграа 34:34, Шампион на домашен терен беше декласиран од Вардар Неготино со 12:42, а пак ланскиот суперлигаш Радовиш со 25:30 го доби Партизан во Гевгелија.
Преспа ја доби драмата со Илинден и се израдува на вториот сезонски триумф славејќи со 29:28, а вистинска драма имаше и во Македонска Каменица, каде Јехона славеше со 38:39 над дебитантот Сокол Саса.
Домашниот тим беше долку блиску до триумф, но сепак останува и натаму единствениот тим без бодови.
По играта гол за гол, гостинот успеа да создаде предност од 6:10 односно плус четири, но до крајот на првиот дел Сокол Саса ја стопи предноста и на полувреме беше 18:18. Во второто полувреме домашниот тим стигна и до предност и имаше водство од плус два гола при 20:18, како и при 24:22.
Се случи пресврт за водство на гостинот од Гостивар, а до крајот во вистинска драма од самиот меч Јехона со 38:39 го доби мечот откако на десет минути пред крајот Трифуновски го постигна победничкиот гол.
Тоше Анастасовски со девет гола беше прв кај поразениот тим, а го следеше Мирче Ѓеоргиев со гол помалку. Кај победничкиот тим Адис Салиу имаше 11 гола.
Колото се затвара вечерва со дуелот на двата поранешниот суперлигаши Пролет и Аеродром.
На делба на првото место се Вардар Неготино и Драчево Јуниор со по 11 бода, а пак Радовиш е трет со девет бода, колку што има и Пролет, кој доколку вечер триумфира ќе се израмни на врвот од табелата, а пак Аеродром забележи триумф ќе има десет бода и ќе дојде до третото место со бод помалку од водечките две екипи.
Александар Ванев, М-Нет