ОВР Берово во акциски контроли за откривање на нелегално исечени дрва

На 30.01.2022 во 14.40 часот на место викано ,,Ормане“, атар Пехчево, од страна на полициски службеници од ОВР Берово од Г.Р.(31) од с.Умлена, пехчевско, бил одземен трактор натоварен со бесправно исечени дрва. Дрвата биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

На 31.01.2022 во 14.32 часот на место викано „Ормане“, атар на Пехчево, од страна на полициски службеници од ОВР Берово, по преземени мерки за откривање на нелегална сеча на дрва, пронајдени и одземени се нелегално исечени дрва од околу 35 кубни метри. Дрвата биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.