
Коалицијата „Најдоброто за нашата општина“ оваа вечер меѓу жителите на населба Пребег. Оттаму, кандидатот за градоначалник на Штип, Сашко Николов, со пораки до граѓаните потенцирајќи на она што тие досега го направиле за населбата.
„Конкретно, за оваа населба, преубава населба Пребег, населба на ветрот, населба на чистиот воздух, инвестиравме во водоводни и канализациони мрежи на ул. „Скоевска“ и ул. „Славонска Пожега“, веќе имаме комплетно реконструирани и рехабилитирани улици. Инвестиравме во тротоарни површини, инвестиравме во скалила, во патеки. И како што може да видите, населба Пребег е и првата населба каде што е започнато со осветлување со новото јавно – приватно партнерство и каде што веќе ги имаме најмодерните лед – светилки, коишто ќе зрачат преубава светлина и ноќта ќе ја претвораат во ден. Во самата изборна програма ќе направиме нова инфраструктура. Веќе е пуштено проектите да ги прават нашите урбанисти во самата општина, каде позади населба Пребег и во продолжение на населба Пребег ќе продолжиме со изградба на една нова, современа населба, каде што нашите граѓани и инвеститори ќе можат да градат нови станбени единици и да ја шириме оваа населба“, додаде Николов.
Николов потенцираше на тоа дека ваквите вложувања ќе ѝ дадат посебен лик и живост на населбата за истата да стане посебен центар на градот.
Ребека Спасова МНет