Објавена официјалната програма за дочекот на новогодишната вечер на шеталиштето во Штип

Општина Штип официјално ја објави програмата за организираниот дочек на Новата година на шеталиштето „Ванчо Прке” во Штип. Официјалната програма ќе започне во 21 часот и ќе заврши во 01:00 часот. Три штипски бендови ќе ги забавуваат присутните, Креатив бенд, Астибо бенд и Арре Brothers бенд.