Обилните дождови ги поплавија терените и одложија два натпревари од Втора лига

фото: ФК Беса

Денес наместо осум ќе бидат одиграни шест натпревари од 13. коло во Втората македонска фудбалска лига, поради обилните дождови беа поплавени терени во Автокоманда и Кичево.

Натпреварот меѓу ланскиот прволигаш Скопје и Осогово требаше да се одигра на „Железарница“ во Автокоманда, а пак мечот меѓу лидерот Беса и Тетекс требаше да се одигра на градскиот стадион во Кичево, меѓутоа поради обилните врнежи терените се поплавени, а натпреварите одложени.

Натпреварите треба да се одиграат во понеделник (27. ноември) од 13 часот.

АВТОР: Александар Ванев