Обилни врнежи во следните четири дена, во истокот се очекуваат околу 50 литри дожд на метар квадратен за прогнозираниот период

Обилни врнежи од дожд ја зафаќаат Македонија во деновите од викендот и почетокот на новата работна седмица, а во источниот регион се очекува да наврнат околу 50 литри на метар квадратен за прогнозираниот период. Дежурниот синоптичар Јулијана Фиданоска-Мишкоска за М-Нет телевизија рече дека пообилни врнежи се очекуваат во недела и во понедленик кон крајот на денот.

,,Нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност, така што времето од утре, па се до вторник ќе биде претежно облачно и постудено, ќе имаме повремени врнежи од дожд, а во следните денови со променлив интезитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. Особено за источниот регион се очекува да наврне за прогнозираниот период во деновите од викендот и во првите денови од новата работна седмица се очекува да наврне и над 50 литри воден талог, значи поголемо количество на дожд во следните четири дена.“, вели Фиданоска-Мишкоска

Што се однесува до температурите, Фиданоска-Мишкоска вели дека нема многу да се разликуваат утринските со дневните, што значи дека во штипскиот регион утринската температури ќе биде околу девет степени, а дневната не повеќе од 12 степени

,,Температурите нема многу да се разликуваат утринските со дневните, значи ќе имаме пониски температури, посвежо време. За штипскиот регион минималната температура би се спуштила околу 8 до 9 степен, а дневната не повеќе од 12 степени.“, кажа Фиданоска-Мишкоска

По вторник, од УХМР велат дека се очекува стабилно и суво време, но велат посвежо со пониски температури и нешто пониски од просекот за овој период од годината.

,,Оваа влажна маса што ќе го зафати нашето подрачје се до вторник, значи првите тридена од месец ноември ни се постудени, врнежливи со пообилни врнежи од дожд, а веќе од среда очекуваме и во деновите потоа до крајот на седмицата се очекува стабилно суво време, но посвежо со пониски температури и нешто пониски од просекот за овој период од годината.“, додава Фиданоска-Мишкоска

Со оглед фактот дека од утре, па се до вторник во Македонија се очекуваат обилни врнежи од дожд, тоа значи дека и нивите во штипскиот регион ќе бидат изорани во следниот период. Дождот особено е добредојден за земјоделците, кои тврдат дека подготовката и сеидбата годинава ќе доцнат, затоа што до моментот немаа можност да влезат во ниците, бидејки земјата беше сува.

Иван Митев, М-Нет