Со кревање на макфестовското знаме, во Штип и официјално е означен почетокот на 41. издание на фестивалот на забавни мелодии Макфест. Уметничкиот директор Роберт Саздов на денешната прес конференција рече дека се е подготвено, најавувајќи квалитетни композиции кои се очекува да ги надминат претходните фестивалски изданија. Првата вечер традиционално е резервирана за новите музички имиња, кои ќе бараат своја шанса пред штипската публика. Конкуренцијата е голема, со оглед на тоа што само шестмина од нив ќе влезат на финална вечер каде што ќе настапат со останатите пејачи.
,,Фестивалот е спремен да почне, д когдина во година ние приметуваме, а верувам и останатите околу нас дека фестивалот бележи напредок во секој поглед. Ќе видите и вечерва и утре вечер дека фестивалот има и од технички аспкет и музички, ќе биде се подобар и подобар во однос на минатите години, а така е интенцијата и натаму. Значи имаме одлични песни, вечерва ќе настапуваат помалку познати изведувачи, не се сите девитанти, само мал дел се. Штета е што само шест од нив ќе влезат утре во втората вечер.“, вели Саздов
Поп-пејачката Лара Иванова годинава на 41. издание на фестивалот го добива признанието за најслушана песнa меѓу двата фестивали, бидејќи нејзиниот лански хит цела година не престана да слуша кај луѓето
Меѓу неколкуте штипски таленти кои вечерва ќе пеат пред домашната публика е и Теа Златева, која за својот дебитантски настап со песната „Тој“ вели дека е огромно искуство и шанса за нови познанства.
,,За првпат сум овде и денеска ќе се претставам со песната ,,Тој“. Па сите ние девојчињата имаме некој свој ,,тој“ и со песните се обидувам да го долавам тоа чувство на возбуда, среќа и страст, еден микс од тие емоции и се надевам дека ќе се пронајадат многумина во тој текст. Ми беше потребно околу половина година да ја подготвувам. Ова е големо искуство за мене, исто така очекувам многу познанства, како и да си поминам најубаво што можам.“, вели Златева
Инаку очекувањата се дека и за денес и за утре, салата во домот на културата во Штип ќе биде полна до последно место, а публиката ќе ужива во добра музика и песна.

Иван Митев, М-Нет