
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против З.Ќ.(58) од с.Робово, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 07.02.2020 во продажен објект на ул.„Борис Кидрич“ во Пехчево, пријавениот при наплата на купена стока, пуштил во оптек фалсификувана банкнота во апоени од 2.000 денари, со намера да ја прикаже како вистинита.