Ново жариште на овча сипаница во штипско, досега уништени 38 стада, сточарите бараат итна вакцинација

Изјава Насер Џемаили

Ново жариште на овча сипаница регистрирано во штипско. Досега има вкупно 50 жаришта и уништени 38 стада во државата, според најновите информации на Сојузот на одгледувачи на овци. Претседателот на Сојузот, Насер Џемаили, вели дека со уништувањето на стадата 38 семејства остануваат без егзистенција. Од Сојузот реагираат на мерките на институциите и бараат итно воведување вакцинација за да се спречи натамошното ширење на болеста. . Сточарите се незадоволни и од одлуката за обесштетување од 120 денари за килограм за уништените овци, оценувајќи дека сумата не одговара на пазарната цена.

,,Да, вчера зедовме нови податоци. Имаме 50 жаришта, 38 уништени стада, што значи 38 фамилии останаа без леб. Затоа вчера многу бевме налутени од институциите и ќе одиме со прес Влада и потоа ако не се одлучи нешто за вакцинација, тие болните овци сите ќе бидат оставен пред влада. Гледаме донесено е решение а обештетување на овците што се убиени, катастрофа решение. Значи ќе ги платат со 120 денари на кило, тоа е срамно, не иде со пазарната цена. Значи изгледа решиле да го уништат овчарството.“, кажа Џемаили

Бројката на заболени и усмртени овци од ден на ден расте, предупредуваат од Сојузот на одгледувачи на овци. Оттаму апелираат за итна вакцинација, оценувајќи дека тоа е единственото решение за спречување на натамошното ширење на болеста.

,,Со овие жаришта, со овие убиени овци, досега иамем 7000 овци загинато. И секој ден има нови по 500 по 100. Јас ќе го искористам вашиот медиум и би апелирал да се крене иницијатива што побргу да се вакцинираат, немаме друго решение. Не можеме да чекаме ние да не известе ЕУ што да праваме. Решението е само вакцинација и ништо друго.“, додава Џемаили

Од сојузот алармираат за ситуацијата за овчата сипаница во државата. Вела пторебни се вакцини како во соседствто, за да се спречи ширењето и да се спасат стадата, поинаку велат Македонија ќе остане без овци.

Иван Митев, М-Нет