
Пуштањето во функција на паратините кај Преод и Кадрифаков нов удар по џебот на граѓаните кои често патуваат. Дополнителните 160 денари во еден правец од Штип до Скопје, ќе доведат до ситуација или да се користат старите регионали патишта или помалку да се патува. Анкетираните граѓани во Штип велат дека ако често се патува треба да се работи само за патарини.
Патарините на автопатот Штип – Миладиновци во функција ќе се стават во понеделник во 7 часот наутро. Ако патувате по автопатот од Штип до Свети Николе треба да се издвојат 70 денари во еден правец, а до Скопје дури 160 денари во правец.
50 денари кај Перод и 70 денари кај Кадрифаково се цените кои се утрвдени за нпалата на паратини. Во неколку прилики претходно од ЈПДП истакнаа дека цената на патарините се утврдуваат според Законот по километар од 2,57 денари. Има можност за наплата и на електронско плаќање како подобра метода која се поддржува и во ЕУ.
Лаура Стојанова М-Нет