
Новинарот Иван Бојаџиски во среда, од 18 часот, ќе го одбележи својот јубилеј – 65 години професионална новинарска работа во Мултимедијалниот центар на УГД, добро познат меѓу штипјани како Пионерски дом.
Настанот е отворен за сите граѓани, а на него ќе може да се слушнат многу непознати детали од неговата работа како новинар, неверојатна приказна за градот и регионот, за убавите и неубавите нешта, за судирите на релација новинарство-политика-вистина, за патилата низ новинарското патување и за прекрасните случки од неговата кариера.
Како што наведува Бојаџиски во поканата, дополнително ќе може да се слушне како во една професија се опстанува 65 години и покрај седумте обиди за дисквалификација на новинарот, но и за неговата гордост од 13 професионални награди и признанија за квалитетно сработеното низ сите професионални години.
Настанот е интерактивен и во него со свои ставови може да се вклучи секој од присутните.
Иван Митев, М-Нет