Новинарите на средба со началникот на СВР Штип, Боби Гидиоски

Реализирана трета средба на новинарите во Штип со началникот на СВР Штип, Боби Гидиоски. Соработката во изминатата година е добро завршена истакна денеска на средбата Гидиоски додавајќи дека се надева вака да продолжи и во иднина. Сумираше дека согласно податоците кои ги истакна Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пред одреден временски период, поволна и задоволителна е безбедносната ситуација на територија ан СВР Штип, намален е криминалитетот, зголемена е ефикасноста. Гидиоски истакна дека тенденција е ова да продолжи да се движи со вакво темпо, додавајќи дека сугестиите и препораките искажани од страна на новинарите на денешната средба ќе бидат прифатени.

Средба со новинарите Гидиоски остварува на секои шест месеца, а ова е третпат откако стапи на функција Началник на СВР Штип.

Лаура Стојанова М-Нет