
Ќе се гради сместувачки капацитет во Ново Село, ќе се реставрива локалитетот Лџи и ќе се реконструира сместувачкиот капацитет при Бања Кежовица во Штип. Ова се новите предвидени проекти кои што Општина Штип ќе ги реализира со искористување на европски фондови и преку гранична соработка. Како што истакна градоначалникот Иван Јорданов, проектите имаат за цел јакнење на туристичката понуда на Штип и продлабочување на соработката со Општина Гоце Делчев од Бугарија.
„Навистина ми е задоволство што еве влегуваме во оваа фаза со започнување со еден прокети за јакнење на капацитетите на развојот на туризмот. Со искористување на европски фондови и преку гранична соработка. Општина Штип има позитивно искуство со вакви проекти, особено со Општина Гоце Делчев. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на градоначалникот и на неговата администрација, кои заеднички со нас досега имаме реализирано проекти со прекугранична соработка, а ова кое што следува, верувам дека ќе придонесе и за меѓусебно зближување на двата народи кои живеат во овие држави, затоа што туризмот кој што ќе се развива во Штип е одлична можност да понудиме и да нудиме, да бидеме туристичка дестинација за многу пријатели од Бугарија. Станува збор за една туристичка понуда јакнење на капацитетите со изградба на сместувачки капацитет во историското Ново село, кое што е музеј под отворено небо, реставрација на локалитетот Лџи изворот на минерално терманлна вода и реконструкција на сметувачкиот капацитет при бањата Кежовица.“, рече Јорданов
Тој нагласи дека проектите ќе бидат дополнителен мотив за продолжување на успешната соработка и во иднина. Очекува брза реализација и граѓаните наскоро да ги почувствуваат конкретните придобивки од инвестициите.
“Ова се проекти кои не само што ќе предизвикат за развој на туризмот и за создавање на една клима за мегусебна соработка, туку и ќе не мотивираат да продолжиме и понатаму и верувам дека ова е само продлабочување за една успешна соработка, која што со Гоце делчев ја продлабочуваме. Благодарение на соработката со ресорнте министерства, со министерството за Локална самоуправа. И посакувам брза имплементација и реализација на проектот и граѓаните да ги видат крајните ефекти.”, додава Јорданов
Инаку, целта на проектите да градот Штип се развива во делот на туризмот, а со тоа истиот го задржи епитетот центар на истокот.
Иван Митев, М-Нет