Нови одрони на патот М.Каменица – Делчево после првиот есенски дожд

Првите врнежи од дожд за оваа есен резултираа со нови одрони на патот од Македонска Каменица до Виница. Овој патен правец е честа мета на одрони од страната со што на места и сообраќајот се одвива едвај по двете коловозни ленти. Проблемот трајно не се решава, се случува одроните да бидат овде и по неколку дена, а граѓаните мака мачат за да пристигнат до посакуваната дестинација. Факт е и дека врнежите сега не се обилни, а одроните веќе се дел патот А3, што останува за пообилни врнежи од дожд или пак снег?