
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип две лица, од кои едно малолетно, не ја почитувале забраната за движење, при што земени им се податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие 16 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се 66 контроли кај лица во изолација и 200 кај лица во самоизолација.