Нова победа на Футсал екипата на Астибо во Штип, а Мал Ајакс поразен во Скопје

Синоќа се одиграа 4 натпревари во рамки од 9 коло на Првата Футсал лига на Македонија. Во Штип по тешка борба играчите на Астибо ја постигнаа втората победа во оваа сезона и тоа против директниот конкурент за средина на табелата, тимот на Кеги Моби од Велес. Сега екипата на Астибо има 8 бодови,односно еден бод помалку од Кеги Моби што влева надеж за подобри игри и уште подобар пласман на прволигашката табела. Пласманот за Астибо ќе беше многу подобар ако не загубеше непланирани две средби во Штип со некомплетен состав. Сега кога тимот е комплетен се осеќа и играта и двете победи зачинети со 6 бодови во овие две последни кола. Во Скопје, вториот штипски прволигаш Мал Ајакс загуби со висок резултат 9:1 од фаворитот Арбен Бајрами и засега е на последното 12 место со 2 освоени бодови. Интересно и несекојдневно беше во Валандово на дерби средбата помеѓу Проект Цико и Шкупи која заврши без голови, односно 0:0. Тоа е одраз на респектабилната игра и на двете екипи кои со претпазлива играа не дозволија постигнување на голови. Еве ги резултатите од овие 4 натпревари :

  1. Проект Цико – Шкупи 0:0
  2. Црна Река – Велес 3:6
  3. Астибо – Кеги Моби 7:6
  4. Арбен Бајрами – Мал Ајакс 9:1

Вечерва на програмата ќе биде натпреварот помеѓу Железарец – Карадаку а 9 коло ќе се заокружи утре, четврток со натпреварот Јувентус Серава – Кратово. Вообичаено според протоколот сите Футсал натпревари се играат без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk