Нов снег на Пониква, нови одрони во пијанечко – малешевскиот регион

Нов снег на Пониква, нови одрони во пијанечко – малешевскиот регион. Временските услови воовој период од годината, однонсо на почетокот на пролетта донесоа нова бела покривка на Пониква, од една страна, ама пообилните врнежи од дожд придонесоа за нови одрони во крајниот Исток од друга страна. Одрони се забележани на патниот правец Македонска Каменица – Делчево – Кочани, на излезот на Делчево, како и на дел од патниот правец Берово – Струмица.

Од АМСМ се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На терен излегоа од македонија пат и работат на расчистување на одроните.

Лаура Стојанова М-Нет