Дури 12 граѓани од Истокот пријавиле измами со брзи кредити за само една година

Дури 12 лица од Источниот регион во последните 15 месеци во полиција пријавиле дека плаќаат туѓи рати, односно дека на нивно име е подигнат брз кредит без тие да знаат. Преку измама на социјалните мрежи и со злоупотреба на лични податоци се зема брз кредит, а ратите подоцна ги плаќаат граѓани кои практично не подигнале кредит. Минатата недела на ова регираше и Народниот правобранител до кого стигнала преставка дека се земал брз кредит од 9 000 денари, а назад требало да се врати сума од над 75 илјади денари. За опасноста од брзите кредити се свесни и граѓаните во Штип. Велат дека небезбедно е да се земаат брзи кредити, бидејќи зад рекламите и кампањите брза исплата и рата без камата се кријат огромни трошоци кои би можеле да достигнат и до 50% од износот на кредитот.

И од штипската полиција алармираат граѓаните да не наседнуваат и особено да бидат внимателни на кого ги споделуваат податоците од личните документи. Доказ дека лесно може да се извади брз кредит е последниот случај во Виница, каде вработена во подрачната единица на ПИОМ на туѓо име успеала да подигне четири кредити, како и случајот со затвореници од штипскиот Затвор кои на име на охриѓанец зеле кредити во висинаа од 100.000денари. Бранителот од кочанско Оризари пак веќе втора година по ред мака мачи да врати кредит подигнат на негово име со злоупотреба на неговите лични податоци.

Лаура Стојанова М – Нет