Нов протест на жителите од штипски Караорман, утре ќе го блокираат патот Штип – Караорман

Жителите од штипски Караорман втор ден по ред излегуваат на протест заради црпењето на песок од река Брегалинца. Загрижени за својата иднина бараат под итно да се отстрани механизацијата од терен и да престане ископувањето на песок од реката.

„Под итно камиони да го напуштат теренот, ова не е чистење на реката Брегалница, ова е масовно носење на песок од реката. Ги молеме властите да не заштитат и да ни помогнат за заштита на нашиот имот и за заштита на животната средина“ – истакна Јанев.

Да е обичен граѓани за еден трактор песок ќе го казнат, овде се вади со камиони и никој не презема ништо, додаваат граѓаните. Ако не престане вадењето на песок од Брегалница утре ќе биде блокиран патот Штип Караорман.

„Дека е инспекторатот за лов и риболов да виде кави дупки се копаат. Утре сабајле ако не ги тргнат камионите ќе блокираме се.“

Поддршка на протестот денеска дадоа и од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, кои беа на местото на настанот. Повикуваат надлежните да излезат на терен и да преземат мерки со цел решавање на проблемот.

На терен и денеска излегоа од страна на инспекторатот од каде потенцираат дека фирмата има дозвола за вадење на песок односно станува збор за чистење на коритото на река Брегалница.

Лаура Стојанова МНет