
Нов закон со нови правилници и упатства за наставниците ќе спроведе министерството за образование и наука во следниот период. Министерката Весна Јаневска во денешната изјава истакна дека спроведувањето на законот ќе се случи наскоро, па заклучно новата влада од овие пет месеци тоа е најмногу што може да се направи. Додатно вели дека во следните пет ќе се работи уште толку со цел да се воспостави ред во образованието.
“Постојат правилници, но ние наскоро носиме нов закон за наставници, нови правилници, нови упатства. Во пет месеци толку може да се направи. Во следните пет ќе направиме уште толку и се надевам дека ќе се воспостави некаков ред.“, вели Јаневска
Наместо натпревари на тик-ток, Јаневска ги повика средношколците на натпревар во образованието. Истакна дека тие треба да го прифатата ваквиот предизвик, а нивните родители заедно со училиштата да ги насочат кон тоа.
“Ги повикувам средношколците, наместо да имаат тикток натпревари да се насочат на натпревари во образованието и науката. Телефоните ние во училиштата можеме и да ги забраниме, но тие ќе им бидат достапни дома, во маало или други средини. Децата треба да прифаќаат предизвици во образованието, а нивните родители заедмо со училиштата да ги насочат кон тоа.“, додава Јаневскa
Со ваквата мерка, ќе се создаде поголема безбедност за наставниците во работниот процес, како и да се создадат приоритети и навики за стекнување на поголема култура кај учениците.
Лаура Стојанова, М-Нет