Николовски: Ќе се врати линијата на градски возови до Штип и Кочани во следниот период

Ќе се врати линијата на градски возови до Штип и Кочани во следниот период, најави денес министерот за транспорт и врски Александар Николовски. Вели дека ова е амбиција на министерството на која што ќе се работи во иднина, бидејќи како што вели ова се дестинации кои што не се големи, а на кои што им е потребно да се пуштат во употреба истите.

“Oна што е наша заедничка амбиција е во следниот период, јас ги нарекувам овие градски возови, затоа што се работи за дистанци кои што и не се така големи, да пуштиме градски возови и до Тетово и до Гостивар, целата линија до Кичево, до Штип и Кочани, тоа е следната амбиција за која што се надевам дека за брзо време ќе можеме да ве поканиме тука.“, вели Николовски

Одлчина работа според Николовски се четирите локомотиви, кои донесоа добар приход на македонските железници.

“Четири локомативи морам да кажам дека тоа беше одлична работа, која што се направи, затоа што донесе приход на македонски железници и транспорт, како и македонски железници и инфраструктура. Со тој приход ние можевме да ивестираме во ова што го промовираме денес и постепено ќе им се заблагодариме на нашите пријатели од Србија за отспатувањето на овие локомотиви и ќе користиме целосно домашни македонски локомотиви.“, додава Николовски

Во согласност во ситуацијата возови до Кочани нема веќе од 2021 година, па заклучно во овие четири години, ниту еден воз не поминал по овие шини. Слична е и ситуацијата со Штип, па сега овој новитет ќе претставува добра можност кој се очекува да биде реализиран во следниот период.

Иван Митев, М-Нет