
Во последните неколку години најмногу е направено за земјоделците, особено за оризопроизводителите, дециден е минстерот за земјоделие, Љупчо Николовски. Тој од Кочани посочи дека субвенциите се зголемени, дополнителните три денари исплатени, во последните неколку години донесени се низа нови мерки за оризарите, склучени се нови договори и зголемена е производната цена на белото злато.
„Сметам дека напрвивме сѐ за домашното производство, за оризопроизводителите. Уште од првата година од 2018 година за 3005 се зголемија субвенциите на оризопроизводителите, нема ниту една година во која тие беа оставени сами. Постојано се носеа интервентни мерки. Се воведоа низа нови мерки, склучување нови договори за комбајни“ – вели Николовски.
Ама оризарите не го делат истиот став со Министерот. Велат дека ова е замачкување очи и дека во последните неколку години се зголемени и трошоците многу повеќе од субвенциите и цените на оризот. Додаваат дека сите гранки на земјоделството заеднички ќе делуваат против ваквите одлуки.
„Милслам дека до сега најмалку е направено. Ако трошоците за 2021 и 2022 беа покачени за 200 до 250%. ако имаме инфлација од 20 – 30% нека кажат кое покачување е. Буквално нема никакво покачување. Ова е само прашина во очи и собирање на политички поени. Ама ние сега ќе се организираме, сите региони од лозари, тутунари, полјоделци и сите бидејќи ние сите сме во исти кош“ – вели Арсов.
Оризопроизводителите не ја оправдуваат и одлуката за замрзнување на цените и велат дека со тоа се замрзнува и прозводството. Додаваат дека заради ваквите одлуки на Влада сѐ помалку млади остануваат во земјава и сѐ помалку земјоделци се одлучуваат да ги обработуваат своите ниви.
Лаура Стојанова М-Нет