
Замрзнувањето на цените на одредени прозиводи не го дава посакуваниот резултат, вели економистот Глигор Ивановски. Се намалуваат цените, а се појавува недостиг на одредени производи. Според Ивановски, ако одлуките се носат на краток рок, можеби, и ќе дадат некој минимален ефект, но долгорочно не може да бидат позитивни.
„Не се овие мерки поврзани со екномската логика. Мерките на краток рок, можеби, ќе дадат некој ефект, но на долг рок се неприменливи. Пазарот се регулира со понуда и побарувачка. Според мене, најдобро беше да државата најде начини и мерки да ја зголеми понудата и поради зголемената понуда цените сами по себе ќе паѓаат. Сега цените се намалени, ама има недостиг од производи, или ги нема или се со несоодветен квалитет.“ – вели Ивановски.
За разлика од претходно кога имало македонско производство, сега станува збор за голем процент на произвиоди кои се увезуваат, па и ова влијае врз креирањето на цените.
„Ние ги викаме палиативни, односно краткорочни мерки, од аспект на политиката популистички мерки. Ова е со цел пак ќе кажам да се каже дека државата ја држи ситуацијата под контрола, но тоа не е така. Контролата ја држат трговците, поголемите трговци кои го контролираат целокупниот увоз на раноградинарски производи.“ – додава Ивановски.
Според Ивановски, целта на Влдата со замрзнувањето на цените е да се замрзне маржата на трговците, а не приходот на земјоделците.
Лаура Стојанова М-Нет