Николовски во посета на „Брилијант“, масло за јадење има за наредните два – три месеци

Со договор меѓу македонската и српската Влада, Србија во наредните денови треба да ја тргне забраната за извоз за Македонија како дел од инцијативата Отворен Балкан. Зголемен фокус се става и на примарното земјоделство на сончоглед, со цел зголемување на површините на оваа земјоделса култура. Ова денеска од Штип го посочи Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски кој беше во посета на фабриката за масло.

„Со тоа сите договорени количини, на сите фирми за рафинирано и нерафинирано масло од сончоглед ќе бидат испочитувани и испорачани. Домашните капацитети за производство на основни прехрамбени производи, меѓу кои и маслото за јадење се ставени во полн капацитет, а мерките кои беа донесени од страна на Владата имаат за цел да ги избегнат ценовните шокови“ – кажа Николовски.

Дополнително на ова, веќе се подготвува проширување на програмата за интервентниот фонд, која веќе е донесена од страна на Владата.

Забраната која Србија треба да ја тргне е од големо значење за фирмите за масло, бидејќи на таков начин граѓаните ќе бидат снабдени со масло за јадење, и нема да се повторува пракасата во маркетите да не може да се најде шише зејтин.

Според Наумовски, Македонија има масло за јадење за следните 2 ипол месеци, но и доволен период да се предвиде и одлучи што и како понатаму. За цената не коментираше, бидејќи се знае цената на светски пазар за вчера, но како истата ќе се движи понатаму не се знае.

Инаку, исплатени се субвенции пред почетокот на сеидбата на сончоглед, а субвениции добија и земјоделците на полјоделски култури, додаде во оваа прилика Николовски.

Лаура Стојанова М-Нет