Николов: Штип заслужува да биде во сигурни раце!

Решавање на проблемот со каналниот систем за наводнување  преку кој се дистрибуира вода за 560 хектари земјоделско земјиште во атарот на селата стар Караорман и Карбинци, е ветувањето од страна на д-р. Николов на денешниот прес. Жителите на овие села главно егзистираат од земјоделство, па решавањето на проблемот со каналот за наводнување е од големо значење за истите.
„На последната средба што како пратеник од третата изборна единица, ја имав со жителите од с. Караорман, беше побарано решавање на деценискиот неисчистен канален систем. Машините се веќе на терен и работат на расчистување на каналиниот систем.“ – беше дел од денешниот прес на д-р. Николов.
Жителите на Караорман ќе добијат и нови паркови за најмладите и подобрување на инфраструктурата. Солидарноста, професионалноста и работа во интерес на граѓаните е мотото под кое ќе се престави д-р. Николов, од Социјалдемократскиот сојуз.

Лаура Стојанова М-Нет