Кучиња на улица и не е нешто ново што може да се види низ градовите во државата но прашањето е колку луѓето се чувствуваат безбедни движејќи по улиците за основна потреба или пак рекреативно шетање.
Нека ги хранат, има и кај нас одовде од градот се носат во селата пуштат ги и одат по дворовите, по мое штом скитат и можеби некој ненадејно може да нападнат треба да се преземе одговорност;
Не ги храни никој никој тие кај најдат таму јадат кој ќе ги нахране, зошто ги напуштаат ако мисли некој да чува нека го чува и грижи за него ако не да не го ни зема воопшто.
Од штипската ветеринарна клиника која е и задолжена околу справувањето со овој проблем во Штип велат дека се постојано на терен но и прифаќањето да дојави од самите граѓани кои биле во близок контакт но и ситуација небезбедна за сопствениот живот.
Грижата за кучињата е кај нас ние овие две години по ред а и претходно го работиме тој дел околу прибирањето на кучињата скитници. Сите оние кучиња кои што се заловени и се однесени во прифатилиште на нив е извршено кастрирање, вакцинирање, испитување. Таквите кучиња остануваат во прифатилиште 28 дена имаме страна на која ги објавуваме тие кучиња за оние кој има интерес да задоми од нив го даваме но со претходно информирање дали заинтересираните се одговорни во смисол на тоа да не остане повторно на улица.
За да се изненади своето дете многумина родители се одлучуваат како подарок да се купи или вдоми мало кутре но љубовта и негувањето на истите трае кратко се додека тоа е слатко а поинаку кажано додека е мало и не е дојден биолошкиот процес за размножување .