Никола Кузманов заминува од Слога Виница

Досегашниот тренер на фудбалскиот клуб Слога од Виница Никола Кузманов во новата сезона нема да биде тренер на клубот. Кузманов не успеа да се да се договори со виничани и по истекот на соработката заминува од клубот. Искусниот стручњак се заблагодари за довербата и се прости од фановите. 

„ Заврши соработката со Слога, сакам да им се заблагодарам на навивачите во Виница за поддршката изминатата сезона, особено на играчите кој заеднички постигнавме одличен резултат..На Слога ѝ посакувам успех во наредната сезона изјави изјави Кузманов кој кој за МНет телевизија изјави дека во текот на летниот период ќе се знае и неговиот следен ангажман.

Одличниот стратег Никола Кузманов и фудбалскиот клуб Слога беа најголемото изнандување во Втората македонска фудбалска лига кои беа на чекор до влез во првата лига, меѓутоа во финишот на сезоната ја загубија борбата со Победа и Беласица.